Втора лигаФудбал

Прва тренерска оставка во Втората лига: Иван Варадиновски се повлече од Новаци

Сподели
Сподели

Падна првата тренерска оставка во Втората македонска фудбалска лига оваа сезона, откако Иван Варадиновски одлучи да се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб на Новаци, Спортска Мрежа ексклузивно најави пред два дена на нашиот YouTube канал, каде нашите мембрси имаа ексклузивна можност први да дознаат.

Штипскиот стратег ја презеде одговорноста по незадоволителниот старт на сезоната, во кој Новаци по четири одиграни кола успеа да освои само еден бод. Тимот претрпе три порази, на гостувањето кај Охрид, на домашен терен против Беласица и на гостувањето кај Камјани, додека единствениот позитивен резултат го оствари во Кочани, каде што ремизираше со Осогово.

Со биланс од еден освоен бод од можни 12, Варадиновски одлучи да поднесе оставка и да го напушти кормилото на Новаци.

За Спортска Мрежа, самиот Варадиновски потврди дека оставката е поднесена.

“Понекогаш, едноставно, нештата не се одвиваат онака како што посакуваме. По извесен период поминат во клубот, донесов одлука да поднесам оставка. Сакам искрено да ѝ се заблагодарам на управата за укажаната доверба и за целата поддршка во периодот што го поминавме заедно. Клубот функционира одлично и навистина ми беше чест да соработувам со луѓе кои професионално и посветено работат за клубот. На клубот, играчите, управата и навивачите им посакувам многу успех, среќа и убави моменти во иднина. Благодарам за сè и со почит ви посакувам само најдобро”, вели Варадиновски за Спортска Мрежа.

Варадиновски зад себе има богато тренерско искуство во македонскиот фудбал. Во кариерата работеше во Кожуф, Каменица Саса и Кит Го од Пехчево, а најголемиот успех го постигна со Детонит Плачковица, со кој стигна до бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига против Вардар од Скопје.

За Новаци сега следува период на промени и потрага по ново тренерско решение, додека тимот ќе мора што поскоро да ја прекине негативната серија и да започне со освојување бодови во второлигашката конкуренција.

На денешниот Куп натпревар, Новаци против Охрид ќе го води асистентот на Варадиновски.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!