КупФудбал

КУП: Шкендија Арачиново гостува во Радовиш, Новаци ќе го пречека Охрид, Беласица патува во Кочани

Сподели
Сподели

Денес на програмата се седум натпревари од Купот на Македонија, каде што ќе има неколку неизвесни дуели за пласман во осминафиналето, но и натпревари каде ќе има изразити фаворити и реприза на натпревари од првото коло на Втората лига.

Прволигашот Башкими како фаворит ќе игра против третолигашот БВК Коњаре, ова ќе биде дерби на две екипи кои пред неколку сезони беа дел од Трета лига – Север кога водеа борба за првото место и пласман во Втора лига.

Детонит Плачковица ќе го пречека прволигашот Шкендија Арачиново на Градскиот стадион во Радовиш, а пак Брегалница против Тетекс ќе игра како формален гостин на Градскиот стадион во Штип.

Ланскиот второлигаш Каменица Саса ќе игра против екс прволигашот Шкупи на домашен терен, Кожуф ќе биде домаќин на прволигашот Скопје.

Реприза на мечот од првото коло на ВМФЛ ќе има во Кочани меѓу Осогово и Беласица, откако овие две екипи веќе играа во Струмица каде Беласица беше подобра со минимални 1:0. Реприза ќе има и на мечот меѓу Новаци и Охрид, но сега „рибарите“ ќе бидат гости, а на соочување од првото коло на ВМФЛ екипата на Охрид со 2:1 беше подобра.

Претходно, пласман во следната фаза обезбедија Пелистер, Брера Струмица, Македонија ЃП, Вардар и Струга Трим Лум.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре,...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!