Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мила Талевска: Трите победи ни дадоа мотив и самодоверба, најважно е што сме сплотени

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Пелистер влезе во победничка серија со три победи во низа со што битолскиот тим собра девет бодови и котира висока на табелата во Првата женска фудбалска лига по четири кола.

По високиот пораз во Струмица од Тиверија Брера, се случи вистинска пресвртница во тимот од Битола, откако Пелистер влезе во победничка серија со три победи во низа.

Искусната Мила Талевска, која го носи дресот на Пелистер, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека трите победи во низа даваат дополнителен мотив и самодоверба, но притоа знаат дека сезоната е долга и мора да бидат максимално фокусирани на сите следните предизвици.

„Атмосферата во тимот е одлична. Трите победи во низа ни дадоа дополнителен мотив и самодоверба, но знаеме дека сезоната е долга и дека мораме да продолжиме да работиме и да бидеме максимално фокусирани. Најважно е што сме сплотени како тим и се надевам дека оваа позитивна серија ќе продолжи“, вели Талевска во изјава за Спортска Мрежа.

Талевска изјави дека како тим сакаат да бидат стабилни и да се задржат на средината на табелата.

„Очекувам позитивна сезона и добри резултати до самиот крај. Како тим сакаме да бидеме стабилни и да се задржиме во средината на табелата, а секако, секој добар резултат плус ќе биде добредојден. Најважно за мене е да останеме здрави, да нема повреди и сите заедно да ја завршиме сезоната во добра атмосфера и со позитивни резултати“, дополни искусната фудбалерка на Пелистер.

Во следното коло Пелистер ќе гостува во Струга кај Ас Јунајтед.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!