ИнтернационалциФудбал

ОФС Битола со голем пресврт до третото место во УЕФА Купот на регионите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на ОФС Битола со голем пресврт стигна до победа од 5:3 против ерменскиот претставник Силисија во последното коло од групната фаза на УЕФА Купот на регионите. Со овој триумф, битолчани го освоија третото место во својата група.

Силисија одлично го започна натпреварот и уште во 13. минута преку Георги Костенков дојде до предност. Само осум минути подоцна, Давит Јавријан зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 37. минута беше прецизен од белата точка за убедливи 3:0.

ОФС Битола, сепак, не се предаде и во второто полувреме направи спектакуларен пресврт со пет постигнати голови.

Само две минути по почетокот на вториот дел, Мики Талески го намали заостанувањето, а во 54. минута Лука Лисолајски погоди за 3:2 и го врати македонскиот состав целосно во игра.

Дополнителен проблем за Силисија беше црвениот картон на Гакик Акулјан во 58. минута, по што ОФС Битола целосно ја презеде иницијативата.

Во 74. минута Хакан Алимовски реализираше пенал за израмнување на 3:3, а само четири минути подоцна Лисолајски повторно се запиша во листата на стрелците за целосен пресврт и водство од 4:3.

Конечните 5:3 ги постави Иванчо Јовановски во третата минута од судиското надополнување, со што ОФС Битола ја круниса одличната игра во второто полувреме.

По трите освоени бода, ОФС Битола ја заврши групната фаза на третото место. Првото место го освои Зеница-Добој, која во последното коло убедливо со 4:0 го совлада Тим Рханбартол и Де.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!