ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен ги започна подготовките, Иван Конзулов во двојна улога – тренер и играч!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Готен од Подареш ги започна подготовките за новата сезона, во која по неколку години пауза повторно ќе биде дел од фудбалската карта на Македонија. Тимот од радовишкото село ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига Струмица во сезоната 2026/27, со амбиции за висок пласман.

На стартот на подготовките во клубот владее голем ентузијазам, а посебно внимание привлекува улогата на Иван Конзулов, кој во новата сезона ќе има двојна функција – ќе биде тренер, но истовремено и активен играч на Готен.

По долгогодишна пауза, фудбалот повторно се враќа на теренот во поранешната општина Подареш. Претходно имаше низа активности за ставање во функција на спортскиот објект, при што се работеше на санација на оградата, расчистување и уредување на теренот, како и подготовка на соблекувалните и просторот околу игралиштето.

Готен во изминатиот период успеа да врати и неколку фудбалери, а според информациите на Спортска Мрежа, во Подареш постепено се формира конкурентен ростер. Амбициите се јасни – реактивираниот клуб да не биде само учесник во ОФЛ Струмица, туку сериозно да конкурира за висок пласман.



Општинската фудбалска лига Струмица и оваа сезона ќе обедини екипи од повеќе општини од регионот – Струмица, Радовиш, Василево, Босилово и Ново Село, а враќањето на Готен дополнително го збогатува нисколигашкиот фудбал во југоисточниот дел од земјата.

Приказната од Подареш допрва ќе добива продолжение. Спортска Мрежа наскоро ќе реализира спортска емисија директно од Подареш, во која ќе ја доловиме атмосферата околу реактивирањето на клубот и ќе ги претставиме ростерот, плановите и целите на Готен за новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!