ФудбалФудбалска репрезентација

Кои биле претседатели на ФФМ во минатото?

Сподели
Сподели

Вчера и официјално Фудбалската федерација на Македонија го доби својот седми претседател, Масар Омарагиќ е новиот претседател на ФФМ.

Во минатото Фудбалската федерација на Македонија од 1992 година односно по основањето на самостојниот Фудбалски сојуз на Македонија до сега ја воделе шест претседатели.

Прв бил Алексо Кирровски, а тој всушност и имал најмалку „стаж“ на оваа функција бидејќи ФФМ ја водел од 1992 до 1993 година, а потоа бил избран Љубисав Иванов – Ѕинго како втор претседател кој на оваа функција бил од 1993 до 1999 година. Третиот претседател на ФФМ бил Ламбе Арнаудов од 1999 до 2002 година.

Најдобро претседател на ФФМ бил Харалампие Хаџи-Ристески, кој ова функција ја извршувал во период од 2002 до 2012 година. Како негов наследник потоа доаѓа Илчо Ѓорѓиоски кој на ова функција бил бил шест години односно од 2012 до 2018, кога беше избран Муамед Сејдини, а кој оваа фукнција ја вршеше од 2018 година, до вчера односно 21. декември 2024 година, кога беше констатирана неговата оставка.

Омерагиќ е поранешен фудбалер на СЛога Југомагнат, Балкан, настапуваше и за Вардар, освојувач на шампиоски трофеи во мак-фудбалот, но секако и успешен стопанственик. Омерагиќ е човек кој одлично го познава фудбалот, а со тимот околу него за што веќе информираше Спортска Мрежа ќе следува период на подобрување на фудбалот во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!