КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот го потврди враќањето на искусниот бек Таулант Ибраими – Љанти.
Ибраими повторно го облекува дресот на клубот во кој ги направи своите први сениорски кошаркарски чекори. За него, Гостивар е добро позната средина, но и место каде што ја започна својата професионална приказна.
По враќањето во клубот, искусниот бек доаѓа со голема мотивација и желба да помогне во остварувањето на главната цел – враќање на Гостивар во највисокиот ранг на македонската кошарка.
Ибраими во досегашната кариера има настапувано и за младинските репрезентативни селекции на Македонија. Во 2021 година беше дел од репрезентацијата до 20 години, со што стекна дополнително искуство на меѓународната сцена.
Неговото враќање претставува значајно засилување за Гостивар, кој во новата сезона ќе се обиде да создаде конкурентен состав и да се врати таму каде што смета дека му е местото – во елитата.