Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот штаб, со што штипскиот прволигаш влегува во потрага по ново тренерско решение.

Клубот денеска преку официјално соопштение ја информираше јавноста дека Управата донела одлука за прекин на соработката со стручниот штаб. Во соопштението, сепак, не се наведуваат причините за ваквиот потег, ниту пак се даваат дополнителни детали околу одлуката.

Интересно, а воедно и боде во очи е што Брегалница во официјалното соопштение воопшто не го спомнува со име и презиме тренерот со кого се разделува, иако досегашниот стручен штаб беше предводен од Никола Кузманов. Клубот единствено информира дека се прекинува професионалниот ангажман на целиот стручен штаб.

Одлуката доаѓа во период во кој резултатите не се на посакуваното ниво. Брегалница по шест одиграни натпревари има шест освоени бодови и се наоѓа на осмата позиција на табелата, а во последните две кола претрпе порази од Струга и Шкендија Арачиново.

Кузманов на кормилото на штипјани пристигна непосредно пред почетокот на сезоната, но по нешто повеќе од еден месец доаѓа до прекин на ангажманот.

Од Брегалница упатија благодарност до членовите на досегашниот стручен штаб за професионалниот ангажман, посветеноста, вложениот труд и придонесот во работата на клубот.

Штипскиот клуб најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите дополнителни информации поврзани со новиот стручен штаб. До неговото именување, останува отворено прашањето кој ќе ја преземе екипата во продолжението од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!