Ракомет

Ивановски пред Пелистер: „Одбраната ќе биде пресудна, сакаме победа!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид вечерва го очекува првиот голем предизвик во новата сезона во Супер лигата. Во „Билјанини извори“ гостува вицепрвакот Еурофарм Пелистер, во дерби кое уште на стартот носи голема тежина за двата состави.

Охриѓани влегуваат во натпреварот со желба да ја продолжат добрата форма од подготвителниот период, а средниот бек Мартин Ивановски посочува дека во тимот владее одлична атмосфера. Поразот од Вардар во Суперкупот, според него, веќе е минато и сите мисли се насочени кон денешниот противник.

„Вечерва играме против екипата на Еурофарм Пелистер- актуелниот вицешампион на Македонија. Знаеме колкав е квалитетот на оваа екипа. Оваа година имаат и неколку нови играчи, за кои успеавме нешто да видиме на пријателските натпревари, како и на натпреварите од Регионалната лига што ги одиграа досега. Атмосферата во клубот е одлична. Имавме мало разочарување по Супер Купот, кој го загубивме од Вардар, но мислам дека сите сме професионалци и тоа веќе го оставивме зад нас. Целосно сме фокусирани на натпреварот со Еурофарм Пелистер“- вели Ивановски.

ФОТО: ГРК Охрид

Историјата е на страната на битолчани, кои имаат 24 победи во 28 првенствени меѓусебни дуели од 2016 година. Сепак, последната сезона донесе значително поинаков однос на силите – Охрид славеше на три од последните пет официјални пресметки, вклучително и во полуфиналето на Купот на Македонија.

Ивановски очекува голема поддршка од трибините, која според него може да биде важен фактор во борбата за бодовите. За охриѓани, клучот за успехот го гледа во дефанзивната игра и можноста преку добра одбрана да се стигне до лесни погодоци.

„Очекувам публиката во што поголем број да нè поддржи, за заедно да се сплотиме и да извојуваме победа против Еурофарм Пелистер. Мислам дека одбраната ќе биде пресудна. Ако одиграме добро во одбрана, ќе имаме можност да постигнуваме повеќе лесни голови од транзиција. Ивановски пред дербито со Пелистер: „Одбраната ќе биде пресудна, сакаме победа! Верувам дека со максимална борбеност и поддршка од трибините можеме да стигнеме до посакуваниот резултат“- заврши Ивановски.

ФОТО: ГРК Охрид

Дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“. Ќе биде тоа нивна 29. првенствена пресметка во последната деценија, но и нова епизода од ривалството кое во последната сезона доби целосно поинаква динамика.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!