Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар никако да победи, голем триумф за Ас Јунајтед

Сподели
Сподели

Ас Јунајтед преку пресврт славеше над Истатов во гости со 1:4 во рамки на третото коло на Првата женска фудбалска лига.

“Истатовки” резултатот го отвори во 20. минута преку Канита Емини, а потоа во вториот дел преку Тамара Лазеска и Сара Дика гостинот дојде до предност од 1:2.

Во продолжението од мечот Јована Павловска и Оливера Цоклеска погодија за конечни 1:4.

Ништо од големите засилувања – Вардар, пак загуби, овој пат од Пелистер со 3:4 на домашен терен и останува на дното без бодови.

Јулија Живиќ со два гола донесе предност за Вардар, а гостинот од Битола во финишот на првиот дел намали на 2:1 преку гол на Михаела Марковска.

Во вториот дел Тамара Нешковска израмни на 2:2, а Настасја Накова донесе нова предност за домаќинот од 3:2.

До крајот на мечот Марковска со втор гол и со голот на Мелиса Милица Димитриоска погоди за конечни 3:4 во 93. минута за голема победа на Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!