Каменица Саса ја забележа првата сезонска победа откако во рамки на третото коло на Првата женска фудбалска лига со 0:2 ја совлада Речица во гости.
Резултатот го отвори Радица Велкова во 11. минута од средбата за водство на „рударките“ од 0:1 на полувреме.
Во вториот дел Туане Де Соуза Фрагосо во 50. минута постигна гол со кој се постави конечниот резултат од 0:2, откако до крајот ниту двете екипи немаа реализација.
По двата порази на Каменица Саса од Љуботен во гости и дома од Тиверија Брера следуваше првиот триумф и првите бодови. Во следното коло тимот од Македонска Каменица ќе се соочи со Вардар на домашен терен.
Екипата на Речица го забелажа вториот сезонски пораз откако претходно загуби од Пелистер Про во гости, а ремизираше со Ас Јунајтед на домашен терен. Во следното коло тимот на Речица ќе има тешко гостување кај шампионот Скопје.