Трета лигаФудбал

Вардар Неготино остана без тројца клучни играчи кои го засилија Венец од Долни Дисан

Сподели
Сподели



Третолигашот Венец од Долни Дисан се засили со тројца фудбалери за новата сезона, кои во пакет доаѓаат од ланскиот второлигаш Вардар Неготино.

На голманската позиција доаѓа Иле Апостоловски, средниот ред е засилен со Мартин Нејковски, а пак нападот ќе биде посилен со Ѓорѓи Шишков.

Апостоловски е 21-годишен голман кој покрај за Вардар Неготино настапуваше и за Тиквеш, Вардар и ГФК Неготино од каде и ја започна кариерата.

Искусниот 28-годишен Шишков всушност е повратник во тимот од Долни Дисан, каде настапуваше во период од април 2014 до август 2025 година, кога премина во редовите на Вардар Неготино и таму настапуваше се до минатата сезона.

Нејкоски, кој има 22 години покрај за Вардар Неготино беше дел и од Силекс, Брера Струмица и Јанг Бојс од каде и ја започна кариерата.

Третолигашот Венец продолжува да гради квалитетен ростер со кој ќе атакува на висок пласман во Трета лига регион 4.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!