Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат се одржува меморијалниот турнир „Васил Рингов“, посветен на една од најголемите легенди во историјата на македонскиот фудбал и на најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

На турнирот учествуваат повеќе од 20 екипи од Македонија, со најмладите фудбалери од генерациите 2016, 2017 и 2018. Покрај натпреварувачкиот карактер, турнирот има и силна симболика – најмладите фудбалери преку спортот да се запознаат со историјата на клубот за кој настапуваат и со имињата кои оставиле неизбришлива трага во македонскиот фудбал.

Еден од нив е токму Васил Рингов, легендарен вардаров фудбалер чие име денес повторно ги обединува генерациите.

На турнирот се поканети и поранешни соиграчи и фудбалери на Вардар кои биле дел од богатата историја на клубот. Меѓу гостите се очекуваат Кочо Димитровски, Гордан Здравков, Сашо Тодоровски, Бобан Бабунски, Гоце Штеријев, Гоце Алексовски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Дарко Панчев и Оџаков, со што најмладите директно ќе имаат можност да се запознаат со дел од наследството на „црвено-црните“.

Турнирот ќе го отвори Срѓан Ивановиќ, автор на биографијата посветена на Васил Рингов, што дополнително му дава посебно значење на настанот и го претвора во своевидно спортско сеќавање и оддавање почит кон една голема фудбалска легенда.

Натпреварите ќе започнат денес од 18:00 часот, а екипите се распределени во следните групи:

Генерација 2016
 Група А: Вардар, Работнички, Овче Поле, Тетекс, Осогово
 Група Б: Вардар 2, Напредок, Пелистер, Македонија ЃП, Беласица

Генерација 2017
 Група А: Вардар, Македонија ЃП, Осогово, Тетекс
 Група Б: Вардар 2, Работнички, Пелистер, Маџари

Генерација 2018
 Група А: Вардар, Осогово, Овче Поле, Македонија ЃП
 Група Б: Вардар 2, Виљареал, Пелистер, Форца

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!