Ракомет

По убедливата победа дома, Алкалоид повторно на мегдан со Ловќен!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид вечерва го очекува ново гостување во Регионалната лига, каде што повторно ќе се соочи со Ловќен. Овојпат двата тима ќе ги одмерат силите во Цетиње, откако скопскиот состав славеше убедливо во првата меѓусебна пресметка.

Во првата меѓусебна пресметка, Алкалоид одигра одличен натпревар и убедливо го совлада Ловќен со 55-37 во Автокоманда. Скопскиот состав уште во првото полувреме ја најави високата победа, бидејќи на пауза имаше девет гола предност (29-20), а во продолжението целосно го надигра црногорскиот тим.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе се обидат да ја продолжат добрата серија и на гостински терен, а натпреварот е закажан за 19:00 часот во Цетиње.

Средбата ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот „Регионална ракометна лига“.

Алкалоид има нова можност за позитивен резултат во регионалното натпреварување, овојпат на теренот на Ловќен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Вардар го избра искусниот Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб

Прволигашот ФК Вардар го промовираше Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот црногорски стратег пристигнува во Скопје со богато интернационално...

Останато

Рекордна активност кај одбојкарките: Клубовите масовно ги менуваат составите

Летниот трансфер период за домашните одбојкари и одбојкарки официјално заврши на 31 август, а според бројот на доставени барања до канцеларијата на Одбојкарската...

Поврзани написи
Ракомет

Македонија доби организација на голем младински ракометен шампионат

Скопје повторно ќе биде во центарот на медитеранскиот ракомет, откако Македонија ја...

Ракомет

Вардар со нов капитен пред стартот на сезоната!

РК Вардар влегува во новата сезона со промена во лидерската структура на...

Ракомет

Охриѓани го почувствуваа теренот во Гевгелија пред Супер Купот

ГРК Охрид вечерва го одработи единствениот тренинг во Гевгелија пред утрешната пресметка...

Ракомет

РК Младост 1977 ги пушта во продажба сезонските билети за новата суперлигашка сезона

РК Младост 1977 од денес ги пушта во продажба сезонските билети за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!