Ракомет

Реј Моралес ексклузивно: „Сакав да ја започнам сезоната со истиот менталитет како што ја завршив во Охрид!“

Сподели
FOTO: Spojrzenia - Jerzy Stankowski
Сподели

Ориол Реј Моралес продолжи со новиот клуб онаму каде што застана со Охрид – со трофеј и победнички менталитет. Шпанскиот дефанзивец, кој беше една од важните алки во одбраната на охриѓани во минатата сезона, победнички ја започна новата авантура во дресот на Висла Плок.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Во првиот официјален натпревар со полскиот гигант, Реј Моралес стигна до трофејот од Супер купот на Полска, откако Висла Плок го совлада големиот ривал Киелце со 27-24. За поранешниот ракометар на Охрид, ова е идеален старт во новата средина, а самиот тој потенцира дека сакал во новата сезона да го задржи истиот пристап со кој ја заврши претходната во Охрид.

„Беше многу добар натпревар за играње, со неверојатно високо ниво на ракомет. Јас, лично, бев многу фокусиран да ја започнам сезоната со истиот менталитет и истите чувства како што ја завршив во Охрид. Многу важен прв чекор“, вели Реј Моралес ексклузивно за Спортска Мрежа.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Шпанецот во Охрид остави впечаток со својата игра во дефанзивата, каде често беше еден од столбовите на одбраната. Сега, веднаш по трансферот во Висла, тој веќе има прв трофеј и потврда дека новата сезона ја започна на најдобар можен начин.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

За Моралес следува продолжението на сезоната со Висла Плок, но стартот не можеше да биде подобар – прв официјален натпревар, прва голема победа и веднаш освоен трофеј.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!