Ракомет

Томовски блесна на камбекот во Бундеслигата, Битигхајм со триумф кај Вецлар

Сподели
ФОТО: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Одличен старт на новата сезона во германската Бундеслига имаше македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, кој со своите одбрани беше еден од клучните фактори за гостинската победа на Битигхајм над Вецлар со 35-33.

Повратникот во елитното германско натпреварување стигна до првите два бода на тежок терен, а меѓу најзаслужните за успехот се најде токму македонскиот голман. Томовски ја продолжи одличната форма од финишот на минатата сезона и уште на стартот покажа дека ќе биде важна алка во составот на Битигхајм.

Репрезентативниот чувар на мрежата натпреварот го заврши со 15 одбрани, со успешност од 31%. Во голгетерскиот дел од задачата предничеше Ларсон со девет погодоци, додека Херман придодаде уште пет.

Со овој триумф, Битигхајм на најдобар можен начин го означи своето враќање во германската ракометна елита.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата од 0:1 над Вардар во Скопје се доближи на само еден...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!