Тиверија Брера го доби дербито со Каменица Саса со 1:2 во рамки на второто коло на Првата женска фудбалска лига.
Струмичанки го продолжуваат победнички трет, а до победа над “рударките” во Македонска Каменица стигнаа со головите на Леонтина Пржолева и Билјана Панеска кои погодија во првиот дел.
Во 90. минута Туане Де Соуза постигна гол за конечни 1:2 и ублажување на поразот.
Истатов со головите на Елма Шемсовиќ и Радица Чонева славеше над Кочани со 1:2. За домаќинот погоди Андреа Донева.
Вардар, пак загуби, овој пат од Ас Јунајтед во Струга со 3:1. Домаќинот до победата дојде со головите на Јована Павловска во првиот дел и Тамара Лазеска и Веса Села во вториот дел, а во 95. минута Ана Боризоска го постави конечните 3:1.
Пелистер Про стигна до првата победа откако со 3:1 славеше над Речица со двата гола на Михаела Марковска и голот на Мелиса Милица Димитриоска. За гостинот погоди Вања Ристиќ.
Во дербито на Скопје и Љуботен, поранешниот шампион преку пресврт го доби актуелниот шампион со 1:2.
Скопје прв го отвори резултатот со гол на Рабија Дервиши во 10. минута. Љуботен преку голот на Хава Мустафа израмни на 1:1, а Лима Ионара Фереира погоди за победа.