Ракомет

Реј Моралес веднаш до трофеј со Висла Плок: Падна Киелце во Супер купот!

Сподели
FOTO: Spojrzenia - Jerzy Stankowski
Сподели

Ориол Реј Моралес со трофеј го започна својот нов предизвик во Полска. Поранешниот ракометар на Охрид славеше со Висла Плок против Киелце со 27-24 и го освои Супер купот на Полска.

Киелце имаше предност во второто полувреме, но Висла успеа да направи голем пресврт и со одлична игра во завршницата да стигне до победата.

Сергеј Косоротов беше предводник на триумфот со својата реализација, додека Висла одигра одлично и во одбраната. Реј Моралес беше дел од цврстата дефанзивна поставеност на победничкиот тим, заедно со Леон Шушња.

За шпанскиот интернационалец ова е одличен старт во новата средина, откако летово го напушти Охрид и направи трансфер во Висла Плок.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!