ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Македонските судии Ангелчо Ристов и Александар Николоски судеа за бронза на Медитеранските игри

Сподели
Сподели

Македонските судиите Ангелчо Ристов и Александар Николоски беа дел од судиската екипа која го водеше натпреварот за третото место на Медитеранските игри, во кој Италија до 18 години и Мароко се бореа за бронзениот медал.

Главен судија на средбата беше Ангелчо Ристов од Македонија, додека негов асистент беше сонародникот Александар Николоски. Втор асистент беше Ајмен Исмаил од Тунис, а улогата на четврти судија му припадна на Басем Белаид, исто така од Тунис.

На теренот подобро се снајде селекцијата на Мароко, која со убедливи 4-1 ја совлада Италија и го освои бронзениот медал на Медитеранските игри.

Двајцата перспективни македонски арбитри ја оправдаа довербата која ја добија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и на најдобар начин ја претставуваа македонската судиска организација на голем меѓународен спортски настан.

Ангажманот на двајца македонски судии на натпревар за медал е уште една убавa потврда дека македонската арбитража има потенцијал и квалитет за настапи на меѓународно ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!