Кошарка

Што се одигра во есенскиот дел од Третата кошаркарска лига на Македонија?

Сподели
Сподели

Третата кошаркарска лига на Македонија е поделена на три групи, односно група А, група Б и група В. Ќе направиме преглед на табелите во сите три групи и со тоа да видеме како одиграле екипите во есенскиот дел.

Во групата А есенски шампион е екипата на Тетекс која има шест од шест и максимални 12 бодови на своето конто. На 2. место заврши Љуботен со скор од 4-2 и 10 бодови на своето конто, а толку има и Феникс Баскет кој е трет.

Дибра Еаглс има девет бодови и се наоѓа на 4. место на табелата, Гостивар 2 е на петтото место со осум бодови, а толку има и МКК Куманово, а пак на дното е Младинец со шест бодови и шест порази од шест натпревари.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА А:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Тетекс ТТК 6 6 0 558 384 174 12
2 Љуботен 6 4 2 495 424 71 10
3 Феникс баскет 6 4 2 424 414 10 10
4 Дибра еаглс 6 3 3 432 489 -57 9
5 Гостивар 2 6 2 4 409 446 -37 8
6 МКК Куманово 6 2 4 441 502 -61 8
7 Младинец 6 0 6 384 484 -100 6

Во групата Б максимален учинок од шест од шест има тимот на Хераклеа кој е есенски шампион со максимални 12 бодови на своето конто.

На второто место е Конзули од Битола со 10 бодови, колку што има и Овче Поле кој е на третото место. На 4. место е Спортисимо Баскет со осум бодови, а по толку имаат Чаир и Иба Скопје, а на дното е Мега Баскет Јуниор со седум бодови.

      • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА Б:

 

# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Хераклеа 6 6 0 548 386 162 12
2 Конзули Битола 6 4 2 462 397 65 10
3 Овче Поле 6 4 2 464 431 33 10
4 Спортисимо баскет 6 2 4 450 462 -12 8
5 Чаир 2030 6 2 4 474 513 -39 8
6 ИБА Скопје 6 2 4 462 537 -75 8
7 Мега Баскет Јуниор 6 1 5 390 524 -134 7

Во групата В екипата на МКК Вардар е на првото место со максимален ефект од четири победи на четири натпревари и осум бодови, на второто место е Струмица Ролинг, екипа која има седум бодови и скор од три победи и еден пораз.

На третото место е Гевгелија со шест бодови, Баскет ДИно е на 4. место со четири бодови, а толку има и тимот на Шкупи кој е на последното петтото место.

      • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА В:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 МКК Вардар 4 4 0 329 230 99 8
2 Струмица Ролинг 4 3 1 346 281 65 7
3 КК Гевгелија 4 2 2 234 213 21 6
4 Баскет Дино 4 1 3 231 255 -24 4
5 Шкупи 4 0 4 212 373 -161 4

Пролетниот дел од сезоната стартува на 8. февруари 2025 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!