ИнтернационалциФудбалФутсал

ФОТО: Грац и Врхника ремизираа 2:2, шампионот на Австрија во следна фаза на ЛШ

Сподели
Сподели

Во директниот дуел за првото место во групата А од претквалификациите за УЕФА Футсал Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац и Врхника одиграа 2:2 во „Bluebox Arena“ во Грац.

Словенечкиот шампион одлично го започна натпреварот и уште во 1:56 минута преку Френк стигна до предност од 1:0.

Врхника продолжи со добрата игра и во 13:30 минута, Муратовиќ погоди за 2:0, со што словенечкиот тим имаше одлична предност пред завршницата на првото полувреме.

Грац, сепак, не се предаде. Црнчевиќ во самиот финиш на првото полувреме, во 16:58 минута, намали на 1:2, а истиот фудбалер во 19:45 минута повторно погоди за целосно израмнување – 2:2.

Во второто полувреме мрежите мируваа, па натпреварот заврши без победник.

Статистички, дуелот беше исклучително израмнет. Грац упати 22 удари, додека Врхника имаше 23 обиди. Двата тима не изведоа ниту еден корнер, додека Грац заработи два жолти картони, а Врхника три.

Со ова реми, Грац го освои првото место во групата А, додека домаќинот Врхника заврши на втората позиција.

За македонскиот шампион Проект, кој претходно одигра 3:3 со Врхника и 3:3 со Макаби Нетанја, ова значи дека европската авантура ја завршува на третото место во групата, а шампионот на Израел заврши последен

Проект во Грац покажа карактер и квалитет, особено имајќи предвид дека за најголем дел од младите македонски футсалци ова беше деби во Лигата на шампионите.

Европското искуство за македонскиот шампион заврши, но младата генерација на Проект доби драгоцени натпревари против шампионите на Австрија, Словенија и Израел – искуство кое може да биде значајно за нивниот понатамошен развој и за иднината на македонскиот футсал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Вардар го избра искусниот Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб

Прволигашот ФК Вардар го промовираше Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот црногорски стратег пристигнува во Скопје со богато интернационално...

Останато

Рекордна активност кај одбојкарките: Клубовите масовно ги менуваат составите

Летниот трансфер период за домашните одбојкари и одбојкарки официјално заврши на 31 август, а според бројот на доставени барања до канцеларијата на Одбојкарската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Вардар го избра искусниот Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб

Прволигашот ФК Вардар го промовираше Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов шеф на...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со репрезентативно засилување: Лука Бојаџиев доаѓа на позајмица од Брегалница

Второлигашот Детонит Плачковица дополнително се засили за продолжението од сезоната со младиот...

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Санта Колома од Андора во младинската Лига на шампиони

Младинскиот шампион на Македонија, Брера Струмица го доби противникот во квалификациите за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!