Останато

ШК Алкалоид ја освои својата 28 шампионска титула, 14 по ред!

Сподели
ФОТО: ШК Алкалоид
Сподели

Шаховскиот клуб Алкалоид ја освои својата 28. шампионска титула, односно 14-та по ред, откако со убедливи 5,5:0,5 го совлада ШК Гостивар во последното коло од Екипното државно првенство.

Со оваа победа, Алкалоид уште еднаш ја потврди својата доминација во македонскиот екипен шах и заслужено стигна до нов шампионски трофеј.

Шампионскиот состав го сочинуваа велемајсторите Александар Инѓиќ, Велимир Ивиќ, Звонко Станојоски и Трајко Недев, како и интернационалните мајстори Емил Ристески, Филип Панчевски, Тони Лазов и Дејан Стојановски, додека дел од тимот беше и ВМ Драгољуб Јаќимовиќ.

Во индивидуалниот учинок најмногу се истакна ИМ Тони Лазов, кој освои 7,5 поени од осум партии. Одличен настап имаше и ИМ Дејан Стојановски со 6,5/7, додека ИМ Емил Ристески заврши со 5,5/6.

Младиот состав на ШК Мулти Есенс го заврши првенството на четвртата позиција.

По претходно освоената титула во женска конкуренција, ШК Алкалоид повторно стигна до двојна круна, потврдувајќи ја својата апсолутна доминација во македонскиот екипен шах.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!