Прва лигаФудбал

Рама: Сметам дека сме подобри од противникот, но тоа ќе треба да го докажеме и на теренот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум по првите четири кола има освоено седум бода и моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Денеска стружани на домашен терен ја пречекуваат Брегалница, во натпревар во кој ќе се обидат да се вратат на победнички патеки.

Домашниот терен досега се покажа како голема предност за Струга Трим Лум. На првите два натпревари пред своите навивачи тимот забележа две победи, и тоа без да прими гол.

Токму оваа серија е мотив повеќе за стружани, кои се надеваат дека и по денешниот дуел ќе ја задржат максималната ефикасност на домашен терен и ќе стигнат до нови три бода.

„Ова е многу важен натпревар во кој ќе бараме начин да се вратиме на победите. Се надевам дека со голем ангажман и сериозност од целата екипа, на крајот ќе успееме да стигнеме до триумф. Сметам дека сме подобри од противникот, но тоа ќе треба да го докажеме и на теренот“, изјави Ландрит Рама.

Дефанзивецот летово се приклучи на Струга Трим Лум, откако пристигна од косовскиот клуб Лапи, кој настапува во тамошната Суперлига.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Брегалница ќе се одигра денеска на Градскиот стадион во Струга, со почеток од 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!