Прва лигаФудбал

Тежок удар за Брегалница: Давид Калпачки подолг период надвор од терените

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Лоши вести за Брегалница и сериозен удар за штипскиот тим – Давид Калпачки ќе биде надвор од терените подолг временски период поради тешка повреда.

Од клубот информираа дека Калпачки на еден од последните тренинзи заработил руптура, односно кинење на предните вкрстени лигаменти, повреда која ќе бара подолг период на опоравување.

Калпачки беше во одлична форма и се наметна како еден од најстандардните, најкорисните и најкреативните фудбалери во составот на Брегалница. Неговото отсуство претставува сериозен хендикеп за екипата, особено во период кога тимот ги гради своите амбиции и се подготвува за новите предизвици.

Сепак, пред Калпачки сега е најтешката битка – долгото враќање на фудбалскиот терен. Од Брегалница му испратија поддршка и му посакаа брзо и успешно закрепнување.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!