Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание на Меморијалниот турнир „Зоран Недев – Фелер Куп 2026“, кој по десетти пат по ред ги собра младите фудбалери од повеќе македонски клубови.
Турнирот и оваа година донесе голем број натпревари, голови, неизвесност и дружење, а посебна вредност беше и застапеноста на женскиот фудбал, со настап на повеќе женски екипи.
Во текот на турнирските денови се натпреваруваа генерациите 2013 и помлади, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019, а терените во Неготино беа исполнети со најмладите фудбалски надежи.
- Генерација 2013 и помлади – Атлетико до трофејот
Во најстарата генерација, во која настапија и женски екипи, ЖФК Атлетико го освои првото место, откако во финалето со минимални 1:0 ја совлада ЖФК Речица.

Третото место му припадна на ФА Работник Галактикос, кој во мечот за бронзата со убедливи 8:1 го совлада домаќинот ГФК Неготино.
Пласманот беше:
🥇 ЖФК Атлетико
🥈 ЖФК Речица
🥉 ФА Работник Галактикос
4️⃣ ГФК Неготино
5️⃣ ЖФК Тиверија Брера
6️⃣ ЖФК Каменица Саса
Фер-плеј екипа беше ГФК Неготино, додека Работник Галактикос постигна најмногу голови. ЖФК Атлетико имаше најмалку примени голови.
- Генерација 2014 – Марадона најдобра
Кај генерацијата 2014, ФК Марадона стигна до шампионскиот трофеј. Во финалето Марадона со 4:0 го совлада ФК Спортинг 2010.
Третото место го освои ГФК Тиквеш 1930 со победата од 6:0 против ГФК Неготино.
Пласман: Марадона, Спортинг 2010, Тиквеш 1930, ГФК Неготино, ЛГ Битола и Драчево.
Марадона беше и екипата со најмногу постигнати и најмалку примени голови, додека фер-плеј признанието му припадна на Драчево.
- Генерација 2015 – ЛГ Битола до златото
Во генерацијата 2015, ЛГ Битола го освои првото место по минималната финална победа од 1:0 над ГФК Неготино.
ФК Аеродром го освои третото место со триумф од 1:0 над ФК Бутел.
Пласманот го комплетираа Тиквеш 1930 и Драчево. ГФК Неготино беше најфикасна екипа, додека ЛГ Битола имаше најмалку примени голови. Фер-плеј признанието го доби ФК Бутел.
- Генерација 2016 – Неготино шампион
Домаќинот ГФК Неготино ја освои генерацијата 2016. Во финалето Неготино со 2:1 го совлада Борец Јуниор.

Марадона заврши на третото место, пред Тиквеш 1930, Драчево и ЛГ Битола.
Неготино беше најдобар и според бројот на постигнати и примените голови, а ЛГ Битола го доби фер-плеј признанието.
- Генерација 2017 – Азури го освоија трофејот
Во генерацијата 2017, ФК Азури беше најуспешен. Во финалето Азури со 5:1 го совлада ГФК Неготино.
Бронзата ја освои ФК Марадона со победата од 3:2 над ЛГ Битола. Пласманот беше: Азури, ГФК Неготино, Марадона, ЛГ Битола, Драчево и Тиквеш 1930. ГФК Неготино беше најефикасен, додека Азури прими најмалку голови.
- Генерација 2018 – уште еден трофеј за Неготино
Кај генерацијата 2018, домаќинот ГФК Неготино стигна до првото место со победа од 4:1 против ФК Бутел во финалето.
Марадона заврши трет, откако во мечот за бронзата со 3:0 го совлада Перак.
Неготино беше најдобар и во двете статистички категории – најмногу постигнати и најмалку примени голови, додека фер-плеј екипа беше Тиквеш 1930.
- Генерација 2019 – Неготино 1 најдобар
Најмладите учесници, генерацијата 2019, исто така имаа свој победник. ГФК Неготино 1 го освои првото место со финална победа од 3:0 над ФК Перак.
ФК Марадона го освои третото место со 2:1 против Тиквеш 1930. Неготино беше и најфикасната екипа и тимот со најмалку примени голови, додека фер-плеј признанието го доби Тиквеш 1930.
- Десет години традиција и место за сите
Јубилејното десетто издание на „Зоран Недев – Фелер Куп“ уште еднаш покажа дека ваквите турнири имаат големо значење за развојот на младинскиот фудбал. Покрај натпреварувачкиот аспект, децата добија можност за нови искуства, дружење и запознавање со свои врсници од различни клубови.

Особено радува фактот што на турнирот беше присутен и женскиот фудбал, со настап на ЖФК Атлетико, ЖФК Речица, ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса. Тоа е уште еден показател дека младинските фудбалски турнири можат да бидат простор за рамноправно учество и дополнителна промоција на женскиот фудбал.
Спортска Мрежа беше медиумски покровител на турнирот и го следеше јубилејното десетто издание, кое уште еднаш ја потврди традицијата и значењето на „Зоран Недев – Фелер Куп“ за младинскиот фудбал во Неготино и Македонија.