Прва лигаФудбал

Донов: Шкендија е квалитетна, но Силекс сака бодови на домашен терен!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По поразот од Вардар, Силекс се враќа на домашен терен, каде што го пречекува составот на Шкендија, со желба да се рехабилитира и да се врати на победничките патеки.

Кратовци ги очекува најголемиот предизвик на домашен терен, бидејќи за противник го имаат тимот на Шкендија, кој во досегашниот дел од сезоната има максимален ефект. Сепак, од таборот на Силекс владее оптимизам дека со добра игра, дисциплина и максимален ангажман можат да дојдат до позитивен резултат и да освојат бодови против лидерот.

„Очекувам квалитетен, тактички и борбен натпревар. Шкендија е една од најквалитетните екипи во Македонија и имаат максимален ефект на стартот на првенството. Но, ние играме на домашен терен и ќе го дадеме максимумот за бодовите да останат во Кратово. Силекс ќе се потруди да го игра својот стил на игра и да се надигрува со Шкендија. После поразот од Вардар сме малку разочарани, но нема да дозволиме тоа да ни ја наруши атмосферата. Напротив, треба повеќе да не зближи како екипи, но тоа е зад нас и сега треба да се фокусираме кон следните предизвици и да дојдеме до бодови со Шкендија“, изјави Донов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!