Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Сподели
Сподели

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, кој испрати јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат и да започнат ново спортско поглавје.

На фудбалскиот терен во Ораовица, под рефлектори, настапија околу 40 млади фудбалерки, кои имаа можност да одиграат неколку меѓусебни пријателски натпревари. Се играше секој со секого, а резултатите беа ставени во втор план. Најважно беше секоја девојка да добие минутажа, да игра и да ужива во фудбалот.

За дел од учесничките ова беше и прв фудбалски натпревар. Тие ги направија првите чекори на теренот, се запознаа со основните правила на играта и го почувствуваа натпреварувачкиот дух.

Настанот покажа дека кај девојчињата од општина Радовиш и општина Конче постои сериозен интерес за фудбалот. За дел од нив ова беше можност да покажат дека сакаат еден ден да заиграат и професионално, додека кај други најважни беа љубовта кон спортот, дружењето и желбата да бидат дел од фудбалска средина.

Поддршка на настанот дадоа и фудбалерките од ЖФК Тиверија Брера од Струмица со што младите девојки имаа можност одблиску да се запознаат со можностите кои ги нуди женскиот фудбал.

На трибините и околу теренот имаше и публика која дојде да го проследи настанот и да им даде поддршка на младите фудбалерки. Така, Ораовица вечерва беше место каде што спортот, дружењето и женскиот фудбал беа во центарот на вниманието.

  • Голем интерес за OHRID WOMEN’S CUP

Вечерашниот настан дополнително го потврди интересот за учество на OHRID WOMEN’S CUP, првиот меѓународен турнир за млади фудбалерки кој ќе се одржи на 5 и 6 септември во Охрид.

На турнирот ќе можат да настапат девојки родени во 2012, 2013, 2014 и 2015 година, а за девојките од Радовиш и Конче ова ќе биде одлична можност за ново фудбалско искуство.

OHRID WOMEN’S CUP ќе биде повеќе од обичен турнир – еден вид фудбалски камп и можност за селекција, каде што дел од девојките можат да го привлечат вниманието на клубови и да направат чекор кон организирано тренирање и натпреварување. За други, пак, турнирот ќе биде можност да стекнат дополнително искуство, нови пријателства и незаборавни спомени.

За сите учеснички е обезбедено сместување, ручек и вечера во сабота (5 септември), појадок во недела (6 септември), како и ланч-пакет по завршувањето на турнирот.

Покрај натпреварите, девојките ќе имаат и слободно време за прошетка низ Охрид, дружење, плажа и капење во Охридското Езеро.

Сите заинтересирани девојки од општина Радовиш и општина Конче можат да се пријават на:

📞 078 646 698 – Александар

Вечерашната слика од Ораовица покажа дека интерес има. Сега останува тој интерес да се претвори во нови фудбалски приказни, нови клубови и нови девојки кои ќе го засакаат фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!