Ракомет

Младост беше блиску до триумф над Прилеп, кој со Тиквеш е во финале на турнирот „Миле Нешкоски“ – пресврти и драма до последната секунда!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Вистинска ракометна драма донесоа двата натпревари од вториот ден на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, по кои се познати финалистите. Домаќинот Прилеп и Тиквеш обезбедија место во битката за трофејот, откако на различен начин стигнаа до победи над Младост Богданци и Еурофарм Пелистер 2.

Прилеп продолжи со одличните настапи на турнирот и по вторпат славеше, овојпат против новиот суперлигаш Младост Богданци со 31-27. Гостите имаа подобар почеток и долго време ја контролираа играта, а во еден момент водеа и со четири гола.

Младост имаше предност 14-10, но Прилеп во продолжението покажа сосема поинакво лице и ја стопи предност. Во последните 15 минути Прилеп ја подигна енергијата, а голманот Трајкоски со неколку важни интервенции помогна да се скрши отпорот на богданчани.

Димитар Димитриоски со седум гола беше најефикасен кај Прилеп, шест постигна Ангел Крстески, додека кај Младост Богданци се истакна Даниел Андоновски со осум погодоци како прв стрелец.

За Младост, и покрај поразот, натпреварот покажа напредок во однос на првата контролна средба против Куманово. Екипата полека се воигрува, новите засилувања се вклопуваат во системот на тренерот Горан Андоновски, а подготовките преку натпреварите на турнирот се користат за подигнување на формата и усовршување на тактичките замисли пред новата сезона. Резултатот не е во прв план за богданчани во оваа фаза од подготовките.

ФОТО: РК Прилеп

Уште поголема драма донесе другиот натпревар, во кој Тиквеш направи нов спектакуларен пресврт и го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 28-27.

Младите битолчани одлично го започнаа дуелот и на паузата имаа четири гола предност, 14-10. Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 успеваше да ја одржува разликата, а во еден момент имаше и 23-19.



Тогаш следуваше големиот кам-бек на кавадарчани. Тиквеш започна да ја топи негативата, стигна до 24-23 и до крајот се играше гол за гол. Во последните секунди се случи кулминацијата – при резултат 27-27, Тиквеш доби седмерец по фаул врз Димковски, а Симоновски од битолскиот состав заработи црвен картон.

Одговорноста ја презеде Бен Махфуд, кој го реализираше пеналот и му донесе победа на Тиквеш со 28-27.

Томислав Димковски беше најдобар стрелец кај победничкиот состав со седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 шестпати погоди Александар Стојков.

Со двете победи, Прилеп и Тиквеш обезбедија пласман во големото финале на турнирот „Миле Нешкоски“, каде што ќе се борат за трофејот. Финалето е закажано за недела од 20:00 часот.



Победниците од соочувањата меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер2, како и меѓу Младост и Мулти Есенс ќе играат за трето место, додека пак поразени од овие два натпревари ќе играат за петто место на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Вардар го завери финалето во Охрид по триумф над Тримо Требње

Вардар 1961 е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!