Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Сподели
Сподели

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се игра во прилепското Дебреште, влегува во својата завршница. Синоќа беа одиграни четвртфиналните натпревари, по кои се познати четирите екипи што продолжуваат во борбата за трофејот.

Во првиот четвртфинален дуел БХС Груп Саждево со 2:0 ја совлада Фасада Чајник и обезбеди место меѓу најдобрите четири.

Пилана Жарко минимално со 1:0 беше подобра од Цернилиште, додека Лисичани со 2:1 славеше против Поликлиника Др. Спаско.

Најубедлив триумф во четвртфиналната фаза оствари Сталоне Теута Саждево, кој со 5:1 го совлада составот на Цернилиште Куп.

Со тоа се комплетираше полуфиналната слика, а вечерва следуваат двата натпревари кои ќе ги дадат финалистите на овогодишното издание на турнирот.

  • Полуфинале – 21 август

20:00 часот: БХС Груп Саждево – Лисичани

21:00 часот: Пилана Жарко – Сталоне Теута Саждево

По овие два натпревари ќе бидат познати екипите кои ќе се борат за шампионскиот трофеј на „Алмир Ибески – Алмо 2026“.

Турнирот и годинава носи одлична атмосфера и квалитетни натпревари во Дебреште, а завршницата се очекува да донесе уште поголема неизвесност и борба за престижниот трофеј.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, со што и ова издание добива дополнителна медиумска поддршка и промоција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!