Ракомет

Прилеп лесно го среди Радовиш, шампионот убедлив, Куманово се радува на голем триумф!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп 2010
Сподели

Прилепчани како формални гости на свој терен лесно го совладаа „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 37:22. Од самиот старт Прилеп тргна одлично, ја имаше контролата над резултатот и над самата игра и без проблеми стигна до голема победа со што победнички ја затвара есенската полусезона.

И натаму Радовиш останува како единствен тим без триумф во Суперлигата, а на овој меч најдобар кај Прилеп беше Давид Трајкоски со десет гола, а кај Радовиш се истакна Марко Стојанов со пет реализации.

Куманово со голем триумф од 32:25 слави над тимот на Бисинов од Велес, овој триумф за Куманово е важен во борбата да пренесе два бодови во плеј-аутот, а со тоа да има полесна цел кога е во прашање опстанокот во ракометната елита.

Димевски со 11 гола беше најдобар кај Куманово, а пак Стојановски со седум беше најдобар кај велешкиот тим.

Шампионот Еурофарм Пелистер со висока победа од 23:37 славеше над Пролет на гостувањето во Скопје и победнички заминува на пауза.

Костески беше најдобар кај битолчани со десет гола, а пак кај Пролер најдобар беше Андоновски со пет гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!