Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во Дебреште влегува во највозбудливата фаза. По синоќешните осминафинални натпревари, познати се првите четири екипи кои обезбедија место во четвртфиналето, додека вечерва ќе бидат познати и преостанатите четвртфиналисти.
Во првите четири осминафинални дуели имаше одличен фудбал, голови и голема неизвесност. Пилана Жарко убедливо славеше со 5:0 против Б.У, додека Лисичани со сигурна игра го совлада БВБ Пресил со 3:0.
Најголема драма имаше на дуелот меѓу Кадри Демироглу и Теута Сталоне Саждево. Натпреварот заврши 3:3 во регуларниот дел, а по изведувањето пенали Кадри Демироглу славеше со 2:1 и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум.
Место во четвртфиналето обезбеди и Фасада Чајник, која со 2:0 беше подобра од Могила.
Така, Пилана Жарко, Кадри Демироглу, Лисичани и Фасада Чајник се првите четвртфиналисти на овогодинешното издание на меморијалниот турнир.
Вечерва, пак, на програмата се преостанатите четири осминафинални натпревари, по кои ќе биде комплетиран списокот на четвртфиналисти.
Вечерашната програма:
⚽ 19:30 – Десово Градба 🆚 Поликлиника Д-р. Спаско
⚽ 20:00 – Пикси Бојс 🆚 Цернилиште Куп
⚽ 20:30 – Цернилиште 🆚 Саждево
⚽ 21:00 – БХС Груп Саждево 🆚 АТЦ АММО Самоков
Секој од овие дуели носи голем влог – победниците ќе обезбедат место во четвртфиналето, со што турнирот ќе влезе во својата завршна битка за трофејот.
Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“ и годинава носи одлична атмосфера, квалитетен фудбал и голем број возбудливи натпревари во Дебреште.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“ и продолжува да ги следи случувањата од Дебреште.