Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот на турнирот „Југ Опен 2026“, кој изминатите денови се одржуваше на терените на ТК Југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје, во конкуренција на тенисери и тенисерки до 18 години.

Митевска триумфираше во сингл конкуренција, откако во финалето ја совлада српската тенисерка Верица Зориќ со 2-1 во сетови (2:6, 6:3, 6:3). Македонската претставничка одигра одличен натпревар и по загубениот прв сет направи целосен пресврт за да стигне до титулата.

Успешен настап Митевска имаше и во конкуренција на двојки. Заедно со Андреја Глушкова од Бугарија стигнаа до трофејот, откако во финалето со 2-1 (6:3, 2:6, 10:4) ги совладаа италијанските тенисерки Анастасија Димитриев и Ноел Зема.

Кај момчињата, македонскиот тенисер Ерион Незири исто така се закити со трофеј во двојки. Незири, заедно со Лазар Младеновиќ од Србија, во финалето со убедливи 2-0 во сетови (6:3, 6:1) ги совладаа Бугарите Борис Борисов и Борис Начев.

Во поединечна конкуренција кај момчињата, најдалеку од македонските претставници стигна Кристијан Јанев, кој настапот го заврши во четвртфиналето.

Следната недела на терените на ТК Југ продолжуваат возбудувањата, со одржувањето на третиот од вкупно четирите турнири во Скопје – „Интеко Опен“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!