Ракомет

Младост Богданци ги започна пријателските натпревари – ќе настапи и на турнирот во Прилеп

Сподели
Сподели

Повратникот во Супер лигата, Младост од Богданци започна со одигрување на пријателски натпревари за проверката на формата пред стартот на новата сезона во ракометната елита на Македонија.

Денес тимот од Богданци одигра пријателски натпревар против Куманово, кој го загуби со 30:24, но резултатот оди во втор план, бидејќи стручниот штаб ја проверуваше формата на играчи и ротираше со цел да види со што располага за новата сезона.

Покрај овој пријателски натпревар пред Младост следува и настапот на турнирот „Миле Нешковски“ во Прилеп, каде на 21 август ќе го одигра првиот меч против домаќинот Прилеп, вториот меч е ден подоцна против Мулти Есенс, а пак на 23 август ќе биде натпреварот за пласман.

За 27 август во Богданци е закажан возвратниот пријателски натпревар против Куманово.

Низ овие натпревари стратегот Горан Андоновски ќе има увид во подигањето на формата и со какви сили ќе биде Младост пред стартот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!