Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски настан – Ohrid Winter Cup 2026, а пријавите за учество на екипите се веќе отворени.
Турнирот ќе се одржи од 5 до 8 декември 2026 година на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, каде младите фудбалери ќе имаат можност да се натпреваруваат, да се дружат и да стекнат нови спортски искуства.
Ohrid Winter Cup е наменет за шест генерации, односно фудбалери родени во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
📅 Генерации и формат на игра
U-14 – генерација 2012 – 8+1
U-13 – генерација 2013 – 8+1
U-12 – генерација 2014 – 7+1
U-11 – генерација 2015 – 7+1
U-10 – генерација 2016 – 6+1
U-9 – генерација 2017 – 6+1
Турнирот започнува на 5 декември, кога по пристигнувањето и сместувањето на екипите ќе следуваат и првите натпревари. Завршницата е предвидена за 8 декември, со финалните натпревари и дуелите за конечен пласман во сите генерации.
🏆 Пехари и медали за најдобрите
За најуспешните екипи се обезбедени пехари и медали за првото, второто и третото место во секоја генерација, со што младите фудбалери ќе имаат дополнителен мотив за борба за највисок пласман.
Ќе бидат изберени и најдобар играч и најдобра голман во секоја генерација.
Посебно внимание е посветено и на престојот на екипите. Сите учесници кои ќе пристигнат во Охрид на 5 декември ќе бидат сместени во хотелски капацитети на база полн пансион, односно со обезбедени појадок, ручек и вечера.
🌍 Екипи од повеќе држави
Ohrid Winter Cup има меѓународен карактер, а на турнирот се очекува учество на екипи од Македонија, Турција, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција.
Натпреварите ќе се играат на сите расположливи терени во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“, со цел турнирот да понуди максимални услови за сите учесници и динамична натпреварувачка програма.
🎥 Спортска Мрежа – медиумски покровител
Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на Ohrid Winter Cup 2026, со цел турнирот и настапите на младите фудбалери да добијат дополнителна медиумска промоција.
На самиот терен ќе биде поставен и Media Corner, каде тренерите и младите фудбалери ќе имаат можност да дадат изјави и интервјуа, а најинтересните моменти од турнирот ќе бидат проследени преку медиумските платформи на Спортска Мрежа.
📞 Пријавете ја вашата екипа навреме!
Поради огромниот интерес за учество, организаторите ги повикуваат заинтересираните клубови и школи навремено да ги пријават своите екипи и да го обезбедат своето место на Ohrid Winter Cup 2026.
За пријавување и повеќе информации:
📞 078 646 698 – Александар
Ohrid Winter Cup 2026 – од 5 до 8 декември, Охрид.
Место каде зимата, фудбалот и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство за најмладите!