Останато

(ФОТО) Завршни подготовки за Таранто 2026: Македонските спортисти се едуцираа за анти-допинг правилата и менталната подготовка

Сподели
Сподели

Едукативниот ден е дел од подготовките на македонската делегација за настапот на најголемиот медитерански спортски собир, кој ќе се одржи од 21 август до 3 септември во Таранто, со цел спортистите да добијат дополнителни знаења за полесно справување со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан

Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, Македонскиот олимписки комитет денеска организираше едукативен ден за спортистите и членовите на придружниот персонал на делегацијата.

Преку двете интерактивни сесии, членовите на делегацијата добија практични информации и знаења кои ќе им помогнат полесно да се справат со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан – од препознавање и избегнување на ризици поврзани со анти-допинг правилата, до подобра концентрација, справување со притисокот и одржување на менталната стабилност пред и за време на натпреварите.

Првиот дел беше посветен на анти-допинг едукацијата и чистиот спорт, во согласност со принципите и барањата на Светската анти-допинг агенција (WADA).

Доц. д-р Ели Ханџиска, член и координатор на Националната антидопинг комисија, специјалист по спортска медицина и доктор на биолошки науки, ги запозна спортистите и придружниот персонал со најважните правила и одговорности, како и со значењето на информираноста и внимателниот пристап кон сè што може да влијае врз нивниот спортски настап.

Во вториот дел, спортистите имаа можност да работат на менталната подготовка, преку интерактивна работилница предводена од проф. д-р Софија Арнаудова, професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и сертифициран тренер за ментални перформанси. Преку практични алатки и вежби, тие работеа на подобрување на концентрацијата, справување со натпреварувачкиот притисок и зајакнување на менталната отпорност.

Едукативниот ден им овозможи на спортистите не само да се информираат, туку и да стекнат конкретни знаења кои можат да ги применат во реални натпреварувачки ситуации. Целта е македонските претставници на Таранто 2026 да пристигнат на Игрите подготвени од сите аспекти – физички, спортски, ментално и со јасно разбирање на своите одговорности како дел од олимписката делегација.

Со ваквите активности, МОК продолжува да обезбедува сеопфатна подготовка на македонските спортисти и да создава услови за нивен сигурен, одговорен и успешен настап на меѓународната спортска сцена.

На Медитеранските игри Таранто 2026 Македонија ќе биде претставена со делегација од 130 членови, од кои 90 се спортисти кои ќе настапат во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Игрите ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, а за Македонија ова ќе биде четврто учество на Медитеранските игри откако настапува како самостојна држава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!