Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) Дебитант со големи амбиции: ЖФК Ржаничино тргнува по шампионската титула во Втората лига, договорени квалитетни засилувања

Сподели
Сподели

Нова страница во историјата на ФК Ржаничино – клубот од Општина Петровец влегува во нов предизвик со формирањето на женски фудбалски клуб, проект кој според најавите треба да донесе нова димензија во локалниот спорт.

Раководството на ФК Ржаничино, предводено од претседателот Зоран Јагуриновски и членот на управата Дацко Здравковски, веќе подолг период работи на континуиран развој на клубот, како во сениорскиот, така и во младинскиот погон. Во нивните заложби имаат целосна поддршка и од градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, кој во минатото и самиот бил спортист.

Идејата за формирање женски клуб постоела веќе неколку години, со цел да се создаде нова можност за девојките од Петровец, ОФС Гази Баба и околните населени места кои сакаат да се занимаваат со фудбал. Токму женскиот фудбал во последните години бележи сè поголем развој и интерес, па од Ржаничино препознаа можност оваа идеја да стане реалност.

Погодниот момент дошол со запознавањето на Ненад Богоевски, Ангел Ѓуровски и Душко Ѓорѓиевски, тројца млади ентузијасти кои имале иста визија за формирање женски фудбалски клуб. Заедничките амбиции резултирале со формирање на управа и започнување на процесот за создавање на екипата.



Проектот веќе добива сериозна форма. Во составот има околу 20 фудбалерки, од кои дел поседуваат значително фудбалско искуство. Меѓу нив се и Љубица Асановиќ, Мирјана Ѓеровска, Ангела Зафироска, Амире Азизи, Теодора Јанковска и Сања Чубриноска.

Екипата ќе ја предводи младиот и амбициозен тренер Петре Тасевски, кој ќе има задача да го спои искуството на поискусните фудбалерки со амбициите на новиот клуб.



А амбициите се високи – борба за шампионската титула уште од првата сезона. Од клубот најавуваат дека составот нема да застане тука и дека до почетокот на новата сезона, односно до истекот на преодниот рок, се планирани уште неколку квалитетни засилувања.

Со тоа, ФК Ржаничино не само што продолжува со развојот на својата фудбалска приказна, туку отвора и ново поглавје со кое женскиот фудбал треба да добие свое место во Општина Петровец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!