Кошарка

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса беше во посета на Гевгелија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, беше во посета на Гевгелија, каде од трибините го проследи натпреварот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години.

Гарбахоса повторно допатува во Македонија, откако претходно беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје. Овојпат неговата посета беше во рамки на поканата од раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот на Општина Гевгелија.

Во рамки на посетата, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Главчев, му посакаа добредојде на првиот човек на ФИБА Европа.

Како знак на внимание и гостопримство, на Гарбахоса му беше врачен специјално изработен дрес на КК Кожув од Гевгелија, како симболичен подарок по повод неговата посета на градот кој во тие денови беше еден од центрите на европската младинска кошарка.

Посетата на Гарбахоса беше уште една потврда за добрата соработка меѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, како и за значењето што европската кошаркарска организација го придава на развојот и промоцијата на младинската кошарка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Поврзани написи
Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

Кошарка

Адем Мекиќ е нов играч на КК Куманово

КК Куманово доби големо засилување за новата сезона, откако постигна договор со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!