Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржува во прилепско Дебреште, продолжува со нови интересни пресметки, откако синоќа беа одиграни четири натпревари со многу голови, но и една драматична пенал-серија.
Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Саждево и Еко Бау Зитоше, кој по регуларниот дел заврши без голови – 0:0. Победникот мораше да се решава на пенали, а поуспешна беше екипата на Еко Бау Житоше со 5:4.
На останатите натпревари гледачите имаа можност да уживаат во ефикасен фудбал. Пилана Жарко со убедливи 6:0 го совлада Мега Маркет Јашарови, додека Цернилиште со 6:2 беше подобро од ATC Ammo Samokov.
Возбудувања имаше и на последниот натпревар. Пикси Бојс славеше со минимални 4:3 против Дунаф Голд, во меч со дури седум погодоци.
Но, турнирот нема време за одмор. Веќе вечерва следуваат нови четири дуели во рамките на „Алмо 2026“.
Програмата започнува во 19:30 часот со натпреварот Еко Бау Житоше – Ред Дизајн Житоше.
Од 20:00 часот ќе се сретнат Озџaн Градба BVB Пресил, додека половина час подоцна, во 20:30 часот, следува уште една пресметка на Озџан Градба, овојпат против Цернилиште Куп.
Вечерната програма ќе биде затворена од 21:00 часот, кога силите ќе ги одмерат Озџан Градба и Млади Талнти.
Турнирот во Дебреште и годинава носи одлична атмосфера, спортски дух и голем број интересни натпревари, а Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, со што продолжува поддршката на овој спортски настан.