Втора лигаФудбал

Новаци го засили десниот бек: Стефан Ивановски пристигна од Пелистер

Сподели
Сподели

Екипата на Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во составот е Стефан Ивановски.

Станува збор за 22-годишен десен бек кој во Новаци пристигнува од Пелистер и со себе носи и искуство од настапи во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.

Ивановски своите фудбалски почетоци ги имаше во битолски ЛГ Спорт, по што продолжи во Талент, а потоа направи трансфер во Пелистер. Во битолскиот клуб беше од 2017 година, минувајќи низ развојните категории и стигнувајќи до првиот тим.

Со ангажманот на Ивановски, Новаци добива дополнително решение на десната страна од одбраната, но и млад фудбалер кој веќе има искуство од сениорскиот фудбал.

Новаци во новата сезона влегува со сериозни амбиции, а раководството во изминатиот период работеше на значително освежување на составот. Пред Ивановски, во клубот пристигнаа Јусуф Каба, Никола Талески, Мартин Димоски, Стефан Спировски, Андреј Сиљаноски, Кирил Стојков и Петар Гугуљанов.

Со новите засилувања, тимот продолжува да го гради составот со кој ќе се обиде да биде конкурентен во второлигашката конкуренција во сезоната што следува.

Новата сезона ја отвара против Охрид во гости веќе в сабота.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Новаци го засили десниот бек: Стефан Ивановски пристигна од Пелистер

Екипата на Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во составот е...

Прва лигаФудбал

Арсими со две засилувања: Гони се врати, во одбраната пристигна и Мислими

Македонскиот прволигаш Арсими продолжува да го засилува составот, а клубот официјализираше две нови имиња во тимот – Маркел Гони повторно ќе го носи...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими со две засилувања: Гони се врати, во одбраната пристигна и Мислими

Македонскиот прволигаш Арсими продолжува да го засилува составот, а клубот официјализираше две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје славеше на тестот против Каменица Саса

Актуелниот шампион Скопје со триумф од 1:2 ја доби Каменица Саса на...

Трета лигаФудбал

Четири засилување за екс прволигашот од Делчево: Брегалница со први летни засилувања

Третолигашот Брегалница од Делчево ги промовираше првите четири летни засилувања за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!