Прва лигаФудбал

Арсими со две нови имиња: Јанков и сенегалскиот дефанзивец Геј го засилија прволигашот

Сподели
Сподели

Прволигашот од Чегране, Арсими, продолжува со засилувањето на составот, а клубот денес официјализираше уште две нови имиња. Нови членови на тимот се голманот Ристо Јанков и сенегалскиот централен дефанзивец Ел Хаџи Геј.

Јанков во Арсими пристигнува со сериозно искуство од македонскиот и меѓународниот фудбал. 27-годишниот чувар на мрежата во досегашната кариера го бранеше голот на Македонија Ѓорче Петров, Шкендија, Тиквеш, Брегалница и Работнички, а настапуваше и за Локомотива Скопје.

Искуството на Јанков не завршува со македонските терени. Голманот имаше интернационални ангажмани во Романија, каде што беше дел од Политехника Јаши, како и во Казахстан, каде што настапуваше за Каспии Актау.

Новото засилување има и репрезентативно искуство. Јанков беше дел од сениорската репрезентација на Македонија, а беше и во составот на националниот тим на Европското првенство во 2020 година.

Во дефанзивата, пак, Арсими се засили со Ел Хаџи Геј, 28-годишен централен бек од Сенегал. Тој своите први фудбалски чекори ги направил во Сакре Кер во Сенегал, а потоа кариерата ја продолжил во Европа.

Геј бил дел од Лил во Франција и Мускрон во Белгија, додека има и искуство од балканскиот фудбал. Во Македонија настапуваше за Шкупи, а во Косово го носеше дресот на Феризај.

Од Арсими очекуваат сенегалскиот дефанзивец со своето искуство од различни првенства да донесе стабилност и дополнителна цврстина во последната линија.

Со овие две засилувања, Арсими продолжува да го менува составот по лошиот почеток на сезоната во ПМФЛ. Тимот од Чегране претрпе два убедливи порази во првите две кола – 5-1 од Тиквеш во Кавадарци и 4-0 од Брегалница во Штип.

Инаку, денес клубот ги официјализираше и Маркел Гони и Мухарем Мислими, со што Арсими во еден ден промовираше дури четири засилувања. Гони се враќа во жолто-црниот дрес по успешниот период во клубот минатата сезона, додека Мислими носи значително домашно искуство во дефанзивата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!