Прва лигаФудбал

Арсими со две засилувања: Гони се врати, во одбраната пристигна и Мислими

Сподели
Сподели

Македонскиот прволигаш Арсими продолжува да го засилува составот, а клубот официјализираше две нови имиња во тимот – Маркел Гони повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, додека Мухарем Мислими пристигнува како засилување за одбранбената линија.

Гони добро ја познава средината во Арсими, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона. Шпанецот остави позитивен впечаток со своите настапи, а во 13 натпревари во ПМФЛ постигна три гола. И покрај интересот од други клубови, Гони одлучил повторно да се врати во Арсими, кој го пречека со порака дека „се враќа дома“.

Од клубот посочуваат дека неговото враќање е мотивирано од желбата повторно да биде дел од тимот и да продолжи со истата енергија и амбиција за успех.

Покрај Гони, Арсими го претстави и Мухарем Мислими, кој ќе биде ново име во дефанзивната линија. Станува збор за фудбалер со искуство во домашниот фудбал, кој во досегашната кариера го носел дресот на повеќе клубови, меѓу кои Башкими, Беса и Шкендија, како и на други екипи.

Во Арсими очекуваат Мислими со своето искуство и цврстина да донесе дополнителен квалитет во одбраната, особено во период кога тимот се обидува да ја стабилизира ситуацијата по лошиот старт на сезоната.

Арсими по првите две кола во ПМФЛ е без освоен бод. Сезоната ја отвори со убедлив пораз од 5-1 на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, а во второто коло следуваше уште еден висок пораз – 4-0 против Брегалница во Штип.

Двете нови засилувања треба да му помогнат на тимот од Чегране да ја подобри играта и резултатите во продолжението од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!