Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Со ваква одбрана имаме шанса против Швајцарија и Украина

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, имаше пофални зборови за своите кошаркари, особено за пристапот и борбеноста што ги покажаа во текот на натпреварот.

Стојановски беше задоволен од начинот на кој македонските кадети го одиграа првото полувреме, во кое покажаа голема енергија и желба за надигрување со фаворизираната Хрватска.

Иако во продолжението Македонија не успеа да го задржи истото темпо и на крајот претрпе пораз, селекторот смета дека позитивниот пристап и борбеноста на играчите се нешта кои треба да бидат основа за следните натпревари.

„Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден.

Сепак, имавме правилен пристап и го покажавме нашето лице, пред сè во одбраната. За жал, немаме доволно длабочина на клупата за да можеме да го одржиме тоа темпо во сите 40 минути.

Сакам да им честитам на играчите за борбеноста. Хрватска е една од најквалитетните екипи во Европа, не само на овој турнир.

Ако играме со вакво темпо и со ваква одбрана против Швајцарија и Украина, сигурен сум дека имаме шанса да се бориме за победа.

Сега е многу важно играчите да се одморат, а потоа да ги анализираме нашите грешки. Сигурен сум дека ќе успееме да ги поправиме.

Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата!“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 загуби и на вториот контролен тест против Србија

Македонската репрезентација до 15 години го загуби и вториот контролен натпревар против...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Вечерва капитенот на кошаркарската репрезентација Војдан Стојановски ќе го запише својот 100 натпревар

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18:00 часот) во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!