Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пораз на јуниорките од Естонија за крај на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа со пораз од Естонија со 64:76, во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место.

Естонките подобро го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од осум поени (23:15). Во вториот период нашите кошаркарки одиграа многу подобро, ја намалија негативата и на полувремето заминаа со само пет поени заостаток (35:40).

Сепак, третата четвртина се покажа како клучна за конечниот исход. Македонија постигна само осум поени, додека Естонија реализираше 18 и пред последните десет минути стигна до водство од 58:43.

Во завршниот период македонските јуниорки се обидоа да направат пресврт, но Естонија успеа да ја задржи предноста и на крајот да слави со 76:64.

Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, четири скока и три асистенции. Колева постигна 11 поени, а имаше и осум асистенции и четири скока.

Со овој натпревар македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!