Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица со победа над Работнички ја заокружи генералката пред стартот на Втората лига

Сподели
Сподели

Беласица со победа ги заврши подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако во последниот контролен натпревар славеше над Работнички со минимални 1-0. Одлични услови за фудбал на стадионот „Благој Истатов“ и пред солиден број на публика се одигра „генералката“ на овие два второлигаши.

Дуелот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица беше последна проверка за двата второлигаши пред стартот на шампионатот, закажан за 15 август. И двата тима имаа свои моменти и прилики за погодок, но само еднаш се тресеше мрежата.

Победничкиот гол за Беласица го постигна новото засилување Пепи Ѓорѓиев, кој во финишот од натпреварот ја обезбеди минималната победа за струмичани.

Сепак, резултатот беше во втор план за двата стручни штаба. Тренерите Мартин Алаѓозовски и Баже Јанекиевски имаа можност да ги проверат сите фудбалери, да дадат минутажа и на помладите играчи, како и на оние кои имаа помала минутажа во досегашниот тек на подготовките.



На овој начин, последната контрола понуди уште една можност стручните штабови да добијат слика за моменталната форма и за тоа што е сработено во изминатиот период.

Беласица сезоната во Втората лига ќе ја отвори на домашен терен против Осогово, додека Работнички ќе биде домаќин на Кожуф во првото коло.

Со ова, и двата тима го затворија подготвителниот период и сега целосно го насочуваат вниманието кон првенствените предизвици.





Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!