ФудбалФутсал

КУП: Осогово го пречекува Проект, Кратово против Железарец, Бутел против освојувачот Форца

Сподели
Сподели

Од петок до понеделник ќе се одигра осминафиналето од футсал Купот на Македонија. Познати се двојките за осминафиналето кои ќе се соочат за следна фаза од Купот односно пласман во четвртфиналето.

Второлигашот Кратово на домашен терен ќе игра против прволигашот Железарец. Домаќинот веќе се мобилизира со навивачи кои ќе ја исполнат Градската сала во Кратово, голманот и капитен Зоран Јакимовски е успешно опериран, а тоа ќе биде уште една причина салата да се исполни и од трибина да се испрати силна порака до Јакимовски за негова успешна рехабилитација, а Кратово сака следна фаза од Купот.

Бутел ќе има претешка задача откако налета на освојувачот Форца, со што тимот на Форца ќе биде голем фаворит во оваа прволигашко Куп соочување.

Партизан Југ од Брвеница ќе игра со тимот на Победа од Прилеп, ова всушност ќе биде второлигашки дуел, додека пак прволигашот Црна Река од Кавадарци како фаворит ќе патува во Штип, каде ќе се соочи со есенскиот шампион во Втората лига, тимот на Мал Ајакс.

Кораби ќе игра дома против прволигашот Шкупи, со што фаворитската улога е на страната на гостинот, а пак Јувентус Серава и Клими ќе играат прволигашки дуел.

Осогово во Крива Паланка ќе игра дерби против Проект, ова ќе биде можеби и најнеизвесниот осминафинален дуел каде два квалитетни прволигаши ќе се судрат меѓусебно.

Амбициозниот тим на Балкан кој најавува борба за влез во Првата лига во осминафиналето од футсал Купот ќе се соочи со прволигашот Кеги Моби од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!