Ракомет

Слетa во Словачка, па веднаш на терен: Сара Миновска со два погодоци за новиот клуб

Сподели
Сподели

Македонската ракометарка Сара Миновска имаше одлично деби за новиот клуб, откако левото крило веднаш по пристигнувањето во Словачка заигра за шампионот Јувента Михаловце.

Според информациите на Спортска Димензија, Миновска на 8 август пристигнала во Словачка, а веќе истиот ден го имала и првиот настап во дресот на новиот клуб. Поради административните процедури и документацијата, македонската интернационалка добила ограничена минутажа од само десет минути, но успеала да остави одличен впечаток.

Миновска постигна два гола од два обиди, односно дебито го заврши со максимални 100 проценти реализација.

За 23-годишната ракометарка ова е прв интернационален ангажман во кариерата. Во Јувента Михаловце, кој е актуелен шампион на Словачка, Миновска ќе има можност да се докажува и на европската сцена. Во клубот веќе настапува и македонската репрезентативка Теодора Дукоска.



Миновска во вториот дел од минатата сезона беше дел од Чаир, каде што пристигна од Металург Автокоманда. Претходно настапуваше и за Вардар, во периодот кога важеше за една од најперспективните македонски ракометарки на позицијата лево крило.

На репрезентативен план, Миновска има настапи за младинската и сениорската селекција на Македонија. Особено се истакна на ЕХФ шампионатот во Скопје во 2021 година, каде што беше избрана за најдобро лево крило на турнирот.

По првите десет минути и двата реализирани шута, Миновска на најдобар можен начин го најави своето прво интернационално поглавје.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!