Втора лигаИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Пелистер со пораз ги заврши подготовките, Поградец славеше со 4-2

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Пелистер со пораз ја заокружија серијата контролни натпревари пред почетокот на новата сезона. Битолчани на стадионот „Ѓорѓи Куќику“ загубија од албански Поградец со 4-2.

Двата тима одиграа неизвесно прво полувреме, во кое мрежите мируваа до 33. минута. Тогаш Христов ја затресе мрежата и му донесе предност на Пелистер. Сепак, Поградец успеа да возврати пред паузата, па на одмор се замина со нерешени 1-1.

Во вториот дел следуваше поефикасна игра и уште четири погодоци. Домашниот состав беше поконкретен во завршницата и успеа да ја обезбеди победата, додека Пелистер уште еднаш ја погоди мрежата преку Талевски, кој во 83. минута го постави вториот гол за битолчани.

  • ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: Поградец – Пелистер:

Со овој натпревар Пелистер го завршува подготвителниот период и сега целосно го насочува вниманието кон првенствените обврски.

Битолчани во новата сезона ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига и влегуваат со големи амбиции, како еден од главните фаворити за промоција во елитата.

Првиот официјален предизвик ги очекува на 15 август, кога Пелистер на домашен терен ќе го пречека дебитантот во Втората лига, Камјани.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!