Турнири

ВИДЕО: Јови МК и Христмил со високи победи – Гавровски ја „искина“ мрежата!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни два натпревари на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, а на овие две средби беа постигнати голем број на погодоци.

Јови МК со 9:6 го доби мечот со Парналија Спор, каде за победничкиот тим Кристијан Гавровски беше стрелец на пет погодоци, три гола беа дело на Глигор Вучков, а еден гол постигна Андријан Трајков, додека пак за поразениот деим Сердар Адемов и Илхан Адемов постигнаа по три гола.

Во вториот меч екипата на Христмил со 9:3 го декласираше тимот на Винарија Здравко.

По два погодоци за победничкиот тим имаа Андреј Јаневски, Никола Анчевски, Никола Стојановски и Стефан Димовски, а ден гол постигна Стефан Благоевски. За поразениот тим Наум Блажевски, Никола Радојчиќ и Ѓорги Танушев беа стрелци.

Овие два натпревари можевте да ги следите во ЖИВО на Спортска Мрежа, а исто така, во ЖИВО ќе може да го проследите натпреварот за трето место и големото финале.

Утре одново ќе има два дерби натпревари на турнирот во мал фудбал „Куклиш 2024“, со тоа што од 20 часот Герасов ќе се соочи со Баламов Компани, а еден час подоцна Еклектик против Црна Река во големото дерби за тоа кој да е прв во групата.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!