Останато

Младиот прилепски каратист Теодор Стојаноски обезбеди учество на Европското првенство во Полска

Сподели
Сподели

Младиот каратист Теодор Стојаноски од Прилеп обезбеди учество на Европското првенство кое се одржува во Полска, во периор од 7. до 9. февруари.

Изминатиот викенд во Скопје се одржа плеј-офот од Државното првенство за кадети и јуниори, за избор за настапа на ЕП во Полска.

Младиот каратист кој има 14 години, а кој е член на карате клубот Спорт 94 имаше одличен настап на плеј-офот во Скопје. Стојаноски ги совлада сите противници со што ја потврдува својата одлична форма пред ЕП.

Подготовките веќе започнуваат и фокусот е ставена на Европското првенство, а младиот Стојаноски со самото учество направи голем исчекор во неговата блескава кариера.

Стојаноски ќе ја има поддршка од прилепчани и Македонија, а тој со гордост ќе ја претставува нашата држава на Европското првенство кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!