Останато

Лина Ѓорческа победнички го започна настапот на турнирот во Германија

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт и по голема борба избори пласман во второто коло на турнирот во Германија, откако ја совлада Украинката Анастасија Фирман со 2-1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4). Мечот траеше два часа и 30 минути.

Во првиот сет двете тенисерки имаа потешкотии на свој сервис, па беа направени дури седум брејка, од кои четири на Ѓорческа. Клучен беше седмиот гем, во кој беа одиграни 14 поени, а македонската тенисерка успеа да го освои и да ја задржи предноста за водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет Фирман беше поуспешна, направи еден брејк повеќе и со 6:4 го израмни резултатот на 1-1.

Решавачкиот сет донесе голема неизвесност. Во првите пет гема немаше брејк, а потоа Ѓорческа поведе со 4:2. Украинката успеа да врати еден брејк во деветтиот гем, но Лина веднаш возврати, направи нов брејк и со 6:4 го доби третиот сет, а со тоа и мечот.

Во второто коло Ѓорческа ќе се соочи со Алена Ковачкова од Чешка, која во два сета (2-0) беше подобра од Сохун Парк.

Турнирот во Германија се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац, стигна до втора победа во групата, откако вечерва со 2:0...

Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го заврши настапот во поединечна конкуренција со пораз. Митевска попладнево беше совладана...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го...

Останато

Ален Рустемовски со бронза од Таранто, судиите го спречија патот до финалето!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се враќа дома со бронзен медал од Медитеранските...

Останато

Ново засилување за Пелистер Волеј – пристигна талентирана одбојкарка од Турција

Пелистер Волеј продолжува да го засилува својот младински состав, а во клубот...

Останато

Надица Антеска е првото засилување за Газели волеј

Газели го промовираа првото ново засилување за сезоната 2026/27. Нов член на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!